Бразилецот Марсело го раскина договорот со Олимпијакос бидејќи не се претстави според очекувањата во Атина.
Тој остана 6 месеци во Пиреја откако го напушти Реал Мадрид по 15 години минати во шпанската престолнина.
За тоа време освои 5 титули во Лигата на шампионите и се запиша во историјата на најголемиот клуб во светот.
Сега се врати таму каде што почна се, во татковината Бразил и големиот Флуминенсе.
Еден од најпопуларните клубови во Бразил потпиша со левиот бек и на тој начин се врати во клубот каде што порасна.
Марсело за Бразил одигра 58 натпревари и постигна 6 гола.
A hora de voltar chegou. #WhereImFrom #M12NoFlu pic.twitter.com/f6FxsGWojW
— Fluminense F.C. (@FluminenseFC) February 24, 2023