Конечно е пронајдено решение – Вака Новак ќе игра на Австралија опен!

Loading

По многу различни информации поврзани со заминувањето или незаминувањето на Џоковиќ во Мелбурн, најновите велат дека Новак сепак ќе учествува на Австралија Опен.

џоковиќ

Од ПР тимот на Новак беше наредено дека се уште нема официјална потврда, но дека „се оди во тој правец“, што значи дека во овој момент има големи шанси Новак да ја брани титулата на првиот Грен слем во сезоната.

Имено, организаторите на АО разбираат дека неиграњето на светскиот број 1 и неприкосновениот рекордер во Мелбурн би било голем удар за самиот турнир, па преговараат со властите на српскиот тенисер да се обезбеди т.н. „Медицинско ослободување“ од постојните строги правила кои моментално владеат во Австралија, дознава „Блиц“.

Истиот принцип се планира и за некои од најдобрите тенисери кои исто како Новак не го откриле статусот на вакцинација.

Од извори блиски до организацијата на турнирот дознаваме дека властите на австралиската држава Викторија се блиску до одлуката да им дадат попусти на организаторите на турнирот и да обезбедат „посебни правила“ за неколку врвни играчи на чело со Џоковиќ.

Џоковиќ се уште не открил дали се вакцинирал или не, а прашање е дали воопшто ќе го направи тоа, бидејќи тоа е негова приватна работа и има право на тоа.