Необична ситуација му се случи на австрискиот тенисер Доминик Тием.
Полицијата упаднала кај австриецот и му го прекинала тренингот откако соседите пријавиле дека „го нарушува јавниот ред и мир“.
Во рамките на станбениот комплекс се наоѓа терен каде што тренира Доминик Тием, а бидејќи тенисерот бил доста гласен, соседите решиле да реагираат.
И не би било толку необично доколку не го пријавиле поради сомневање дека снима – филм за возрасни!
Имено, Тием толку гласно тренирал, а оние кои го слушале од страна не сфатиле дека тоа е само обичен тренинг.
“Ова не е прв пат луѓето да се жалат. Го знам тоа долго време. Секогаш е многу смешно, не е сосема неразбирливо. Звуците знаат да станат гласни и чудни. Тренирав без кошула, и сите помислиле дека снимаме пор..ќ“, рекол Тием.
Во секој случај, соседите уште долго нема да слушаат „чудни звуци“, бидејќи австрискиот тенисер во понеделник ќе отпатува за Барселона каде ќе тренира со руските играчи на кои им е забрането настап на Вимблдон.
Тием нема учествува и на третиот Грен слем сезонава, бидејќи поради повредата на скочниот зглоб што ја заработи минатата година, паузираше 280 дена.