Распад на системот во ПСЖ!
По болната елиминација од Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите во богатиот француски клуб, владее целосен колапс.
Најголемиот удар е најскапото засилување во историјата на клупскиот и светскиот фудбал, Бразилецот Нејмар.
По поразот во Мадрид, навивачите жестоко го нападнаа и поради тоа славниот ас го „изгуби компасот“.
Веќе не е тајна дека атмосферата во соблекувалната е катастрофална, а еден од главните виновници за тоа е Нејмар кој само чека да заврши сезоната за да избега од клубот.
Даниел Риоло, новинар на RMC, тврди дека Бразилецот е во многу тешка ситуација.
“Речиси и да нема тренер, на тренинзите пристигнува мизерно, на работ на пијанство. Така е. Нејмар му се осветува на ПСЖ. Тотално раскина со клубот и соблекувалната”, открива Риоло.
Нема шанси Бразилецот да остане во Париз.
“Навивачите на ПСЖ не ги интересира неговото лудило и неговиот документарец на Нетфликс. Мораме да му напишеме чек и да го ослободиме. Тој прави голема штета на клубот. Пуштете го, тој го уништува ПСЖ”, изјави новинарот.
Нејмар оваа сезона одигра 21 натпревар за францускиот тим и постигна пет гола и пет асистенции.
Тој на Паркот на принцовите пристигна во 2017 година од Барселона за рекордни 222 милиони евра.