Српскиот тенисер Новак Џоковиќ по победата на првиот меч од Дејвис Купот за Србија против Грција изјави дека име две работи кои го тераат се уште да игра на највисоко ниво.
Тој откри дека ќе игра за Србија и на грен слем турнирите…..
,,Во тенисот ме интересираат само две работи. Веќе не бркам пласман на АТП листата, ниту пак учество на завршниот Мастерс турнир. Не ми е повеќе тоа целта ќе бидам искрен.
,,Ако се прашувам јас, кариерата на другите турнири ми е завршена. Дали ќе играм и каде ќе играм не можам да знам, но имам само два приоритети. Тоа се играњето за репрезентацијата и грен слем турнирите, се останато е помалку важно. Сега ми е потребен еден добар физички, емотивен и ментален одмор, а потоа ќе одлучам што, како, кога и уште колку – изјави Новак.
Инаку Србија води со 2-0 против Грција во Дејвис купот, а Новак со убедливи 2-0 во сетови славеше против Ксилас со 6-0 и 6-1.