Искрено со Мајк Тајсон – ,,Се плашам, поради стравот станав насилен!

Loading

МАЈК ТАЈСОН тврди дека е чувствителен иако во јавноста е познат по својата агресивност.

Поранешниот шампион во тешка категорија вели дека стравот го прави насилен.

„Толку сум исплашен што не можам да се контролирам колку сум насилен“, рече 57-годишниот Тајсон во подкастот Hotboxin.

За него стана природно да биде насилен, додаде тој.

“Дали тоа ти има смисла? Јас сум Мајк Тајсон и се плашам од се. Знам само да напаѓам. Никој не можеше да поверува дека се мразам себеси”, рекол Тајсон, кој по кариерата често зборуваше во јавноста за проблемите со кои се соочува.

Да потсетиме, Тајсон пред неколку месеци удри патник во авион. Човек кој бил под дејство на алкохол го испровоцирал поранешниот светски шампион во тешка категорија, а Тајсон физички го нападнал откако неколку пати го замолил да престане со провокациите.

„Обично ми е добро со такви работи. Но, тука згрешив. Тоа никогаш не требаше да се случи бидејќи ме врати во примитивна детска фаза. Не требаше да го сторам тоа, но бев иритиран, уморeн и лут. Срања се случуваат“, изјави познатиот боксер.