Репрезентацијата на Полска ја оправда фаворитската улога и со минимални 1-0 ја совлада селекцијата на Северна Ирска во рамките на групата Д од ЕВРО 2016 во Франција.
На средбата одиграна во Ница, Полска беше подобар противник, ја имаше контролата над играта и заслужено ги освои првите бодови на шампионатот.
По првите 45 минути мрежите мируваа, а Полјаците пронајдоа лек против добро организираната одбрана на дебитантските фудбалери, во 51-та минута кога Милик со шут од врвот на шестнаесетникот го постигна единствениот гол на натпреварот.
Селекцијата која немаше пораз на 12 натпревари по ред, не упати ниту еден директен удар кон противничкиот гол, а само два пати се најде во близина на голманот Шчесни.
Дебитантот Северна Ирска не создаде ниту една посериозна шанса за гол и првите бодови ќе ги „бара“ на следните два натпревара од Ц-групата.
Така Пољаците ги прокнижија првите три бода на ЕП 2016.
Ова се инсертите од мечот…