Хрватскиот бомбардер Марко Копљар од Барселона се пресели во Веспрем!

Loading

Хрватскиот репрезентативец Марко Копљар, по само една сезона мината во Барселона, се пресели во вице шампионот на Европа унгарски Веспрем.

копљар

Каталонскиот клуб ја прекина соработката со Копљар, кој пред почетокот на минатата сезона дојде од Пари Сен Жермен.

Триесет годишниот Копљар за Барселона одигра 34 натпревари и постигна само 47 гола и тоа е главната причина поради која Каталонците решија да го раскинат договорот кој важеше до 2018-тата година.

Копљар беше во сенка на нашиот репрезентативец и капитен Кире Лазаров кој одигра феноменална сезона во Шпанија и Европа.

Унгарскиот клуб Веспрем, со Копљар потпиша договор на две години, со што уште повеќе го засили клубот за претстојната сезона.