Мико Хирвонен објави дека ќе ја завршува кариерата ва ВРЦ по 13 сезони поминати во ова натпреварување. Еве неколку од неговите најдобри моменти во кариерата
РЕЛИ АВСТРАЛИЈА 2006
После пет последователни подиума Со Форд Фокус РС ВРЦ Хирвонен доаѓа до првата победа во Перт.
“Победите се навистина многу значајни и првата победа и она за кое работиш цело време додека си млад. Кога си на почетоците постојано се надеваш дека ќе победиш на рели и кога тоа ми успеа беше навистина специјално. Тоа е еден од моментите во мојата кариера на кои сум навистинс многу горд,,
РЕЛИ НОВ ЗЕЛАНД 2006
Три недели подоцна Хирвонен и Маркус Гронхолм забележуваат 1-2 победа и со тоа му овозможуваат на Фоед титула во произведувачи, прва после 1979 година. Ова им успева повторно во 2007 година.
“Тоа беа моите први две години во Форд кои ги закитивме со титула. Беше специјално да си дел од таков тим особено во Хамилтон кога ја осигуивме титулата. Забавата потоа беше прекрасна со сите членови на тимот.
Беше вистинско задоволство да се работи со Маркус од кого научив навистина многу. Јас бев многу млад, а неговиот начин на работа многу ми помогна да видам како тој работи, што сака да добие од колата и на крајот за каква личност се работи,,
Сезона 2009
Со четири последователни победи Финецот се најде во битка за титулата на трката во Британија против неговиот вечен противник Себастиан Лоеб. Кој и да победеше од нив двајца беше сигурен освојувач на шампионатот, битката изедначена се до утрото кога еден лабав браник го чинеше Хирвонен неколку секунди.
“Во Британија битката одеше по жица. Заштитата за хаубара падна и јас во секој момент очекував таа да се отвори пред мене. На крајот тоа и се случи и тука битката беше завршена.
Хирвонен вели дека не жали што не освои ниедна титула велјќи дека ако не бил тиа Лоеб да го победи тоа можеби ќе го правел некој друг возач.
Победата на Релито во Финска 2009 година вели дека му е специјално затоа што победи пред неговите момци, фамилијата и неговиот роден град. Хирвонен вели дека оваа победа му е најдрага од сите други во кариерата,,
РЕЛИ МОНТЕ КАРЛО 2011
Хирвонен дебитира на рели натпреварувањата со Форд Фиеста С2000 и води од стартот до крајот на трката за на крај да победи пред Јухо Ханинен со повеќе од две минути предност на трка во целосен снег и мраз.
“Целиот викенд беше фантастичен. Многу врнеше снег па кога возевме по удолница беше ок, но кога се возеше по угорниците често и заглавувавме. Се сечавам дека механичарите работеа до доцна во ноќта до 2 часот на возилото кое бече сосема ново но на крајот е исплатеш бидеjќи победивме на оваа тешка трка,,