Хамилтон уште сега потпиша капитулација – Залудни беа извинувањата на Волф!

Loading

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон изјави дека отпаднал од трката за шампионската титула во Формула 1, откако го освои 13. место во Италија.

„Ова е викенд за заборав. Испаднав од трката за титулата, сигурно. Нема сомнеж во тоа, но ќе продолжам да работам напорно и ќе се трудам некако да ги склопам работите“, изјави Хамилтон, а пренесува Скај.

Хамилтон стартуваше од 15. место во Имола, успеа да надополни неколку позиции, но по долгиот престој во боксот, но и инцидентот со Естебан Окон од Алпин, се врати на патеката како 14-ти и не успеа да го подобри својот пласман.

Окон беше казнет со пет секунди поради контакт со Хамилтон, но тој инцидент повеќе му наштети на седумкратниот светски шампион. Тој не можеше да го претекне Гасли и ја заврши трката на 13. место.

Директорот на Мерцедес, Тото Волф, преку радио му се извини на Хамилтон на крајот од трката.

„Извини за ова што мораше денес да го возаш. Знам дека автомобилот не можеше да се управува. Ова беше ужасна трка“, рече Волф.

По четири трки во шампионатот, Хамилтон е седми во генералниот пласман со 28 бодови, а прв е Шарл Леклер од Ферари со 86.

Возачот на Мерцедес Џорџ Расел го освои четвртото место.

„Со Џорџ видовме каде може да биде нашиот болид, но не е доволно добар. Не е доволно добар за титулата, не вреди за светски шампион и само треба да го поправиме болидот“, изјави Волф.

Следната трка се вози на 8 мај за Големата награда на САД во Мајами.