За сума од 33 милиони евра, премиерлигашот Арсенал го донесе првото засилување за следната сезона во името на швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака.
Трансферот е реализиран, а Џака доаѓа од Бундеслигата од тимот на Борусија Менхенгладбах.
Тој има 23 години, и е станадарден репрезентаивец на Швајцарија, има 40 натпревари и 12 постигнати голови.
Својата кариера ја започнал во Базел, а изминатите четири години го носеше дресот на Менхегладбах.
„Џака зад себе веќе има големо искуство со настапите во Бундеслигата и Лигата на шампионите.
,,Долго време го следевме, радосни сме што дојде во Арсенал. Му посакуваме успешни настапи на ЕУРО 2016“, изјавил менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер.