Лестер Сити, на две кола до крајот на Премиерлигата ја обезбеди првата шампионската титула во 132-годишната клупска историја, а тоа предизвика одушевување кај вљубениците на фудбалот и очај кај сопствениците на водечките европски обложувалници.
Титулата која ја освои Лестер, ќе ги чини обложувалниците околу 20 милиони фунти.
Коефициентот, дека Лестер ќе биде шампион изнесуваше 5.000-1, што значи за една вложена фунта добивката изнесува 5.000 фунти.
„Ова е најголемото изненадување во спортот. Имаше и други изненадувања, но фудбалската сезона трае со месеци, па поради тоа сега обложувалниците плачат.
Еден од навивачите на Лестер кој е добитен е 39-годишниот столар Ли Херберт, кој пред почетокот на сезоната, во најголемата британска обложувалница Вилијам Хил, вложил 5 фунти, а сега треба да подигне 25.000 фунти.
Инаку, најголема добивка од титулата на Лестер очекува еден жител на малиот град Гилдфорд, кој се наоѓа на 40 километри западно од Лондон, а овој среќник треба да добие 140.775 фунти.
Еден од букмејкерите признал дека самите обложувачки куќи се виновни за она што им се случи со титулата на Лестер, бидејќи долго ги анализаирале добрите игри на новиот англиски шампион.
За Божиќ, кога Лестер нанижа 10 натпревари без пораз, коефициентот бил 33-1.
Дел од стручњаците сметаа дека веќе наредната сезона обложувалниците ќе го вратат загубеното, бидејќи успехот на Лестер, ќе ги поттикне навивачите на Барнли, Бормут и останатите „помали“ клубови да се надеваат на ново чудо.
Од Скајбет признаа дека мора да исплатат 7 милиони фунти, додека обложувалницата Ледбрукс ќе загуби околу 5,5 милиони фунти.