Поранешната африканска и камерунска фудбалска ѕвезда Самуел Ето (40) им должи на шпанските даночни власти речиси милион евра!
Според објавениот документ, Ето должи 981.598,19 евра, а долгот се акумулирал додека играл за Барселона од 2004 до 2009 година.
Камерунецот во 2016 година беше обвинет од шпанското јавно обвинителство дека не платил 3,9 милиони евра данок на маркетиншки права додека играл за Барселона.
Обвинителството побара казна од 10 години затвор и парична казна од 18 милиони евра.
Шпанија објави листа на должници кои имаат даночен долг поголем од 600.000 евра. На листата има 7.200 имиња, а меѓу нив е и социјалната мрежа Твитер.