Фудбалерот на Вулверхемптон, Адам Траоре е познат како играч кој пред секој натпревар ги мачка рацете со масло за тело.
Но, се чини дека во пресрет на натпреварот со Манчестер Сити претера.
Фотографија од подмачканите раце на шпанскиот фудбалер брзо стана вирална на социјалните мрежи. Таа насмеа многу луѓе до солзи, бидејќи Траоре како да излегол од фабрика за масло.
Adama Traoré😂🤣 pic.twitter.com/kVLoilsC12
— Arsenal_King (@Arsenal_King23) January 22, 2023
Пред две години, Шпанецот објасни зошто пред секој натпревар ги трие рацете со бебешко масло.
,,Сите знаат за бебешкото масло што го користам на рацете. Го користам за да не можат да ме запрат и да спречам повреда … истакта Траоре.
Можеби претходно споменатото масло му даваше предност на Шпанецот, но во последно време тоа не е баш така.
Yeah the Wolves are terrible – but Adama Traoré however… pic.twitter.com/TcTMsSICaT
— Flint Declan (@flint_declan) January 22, 2023
Оваа сезона има постигнато само два гола, а со оглед на тоа што договорот со Вулверхемптон му истекува на лето, сигурно е дека нема да го продолжи.