Совршената фотографија мора да содржи многу знаење, искуство, но и среќа. Се чини дека сè беше присутно во овој случај.
Феноменалното забивање на Родионс Куруч, кошаркарот на Партизан, го овековечи српскиот фотограф Оливер Буниќ кој се најде на вистинското место во вистинско време.
На натпреварот во АБА лигата помеќу црно-белите и Крка, најатрактивниот потег го направи Летонецот, кој во еден контранапад заби толку силно што малку требаше поради губење на рамнотежата да се повреди на паркетот во салата Александар Николиќ.
Сепак, тој успеа да избегне тежок пад, а неговиот лет низ воздухот е забележан преку две одлични фотографии…