Фото: На што личиш Луис?! Хамилтон ги шокираше сите со стајлигот, па кажа дали ќе остане во Ф1

Loading

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон оваа недела ја посети фабриката на Мерцедес, во екот на подготовките на тимот за новата сезона во Формула 1.

хамилтон1

Според Би-Би-Си, Англичанецот ја посетил фабриката, исполнувајќи ги претсезонските задачи потребни за учество во новата сезона.

Неизвесно е дали Хамилтон ќе вози оваа година, а се шпекулираше дека кариерата ќе ја заврши разочаран од шокантниот крај минатата сезона кога ја загуби осмата шампионска титула по контроверзните одлуки на управата на трката во Абу Даби.

Него во последниот круг го помина главниот конкурент за титулата, возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, откако директорот на трката, Мајкл Маси не ги примени правилно правилата за безбедносното возило на патеката.

Контроверзни одлуки имаше и во текот на сезоната, како и на таа последна трка, која одеше рака под рака со британскиот и германскиот тим, но тие не обрнаа внимание на тоа.

Луис потоа се повлече од очите на јавноста. Тој даде кратка изјава по трката на 12 декември, не се појави на прес-конференцијата и ја прескокна церемонијата на доделување награди во Париз,

Последен пат во јавноста се појави на 15 декември, кога му беше доделена титулата витез во замокот Виндзор.

Тој се врати на социјалните мрежи на 5 февруари, но и во јавноста кога беше фотографиран во крајно екстравагантно издание.

Објави и неколку видеа од тренингот, но тоа се уште не е потврда дека ќе се трка оваа година.

Хамилтон го чека исходот од истрагата што ФИА ја води во врска со настаните на трката во Абу Даби, а Би-Би-Си изјави дека потоа ќе одлучи дали ќе учествува во шампионатот оваа сезона.

Новата сезона во Формула 1, со нови правила и рекордни 23 трки, започнува на 20 март со трката за Големата награда на Бахреин.

Предсезонските тестирања во Барселона ќе се одржат од 23 до 25 февруари, а во Бахреин од 10 до 12 март.