Секојдневно пристигнуваат информации за состојбата со Михаел Шумахер, а сега се појави и веста дека неговата сопруга Корина донела многу важна одлука.
Според германските медиуми, но и локалните медиуми од Мајорка, Корина Шумахер решила да го пресели целото семејство на овој шпански остров.
Планот започнува со купување на вила од 30 милиони евра, а потоа ќе следи селидбата. Таму ќе живеат Корина и Михаел, а планира таму да живеат и Мик и ќерката Џина-Марија.
Ќерката се занимава со коњички спортови и токму поради неа би купиле огромно земјиште, каде што би можеле да чуваат доволен број коњи.
Корина беше професионалец и во коњички спортови.
Вилата се наоѓа во луксузното одморалиште Андратк, на западниот дел на островот. Градот има нешто повеќе од 10.000 жители, а се наоѓа меѓу планините и морето.
Германските медиуми јавуваат дека семејството Шумахер го посетило островот со хеликоптер и дека таму бил и Михаел.