Легендарниот боксер Мајк Тајсон е голем љубител на тенисот, поради неговата ќерка Милан, која се занимава со тој спорт, а многумина тврдат дека има светла иднина.
Младата Милан тренира со Серена Вилијамс, а Тајсон во едно гостување изјави дека го следи најдобриот светски тенисер Новак Џоковиќ.
– Сакам да го гледам, Новак е мојот омилен тенисер. Погледнете како се врати по повредата што ја имаше пред неколку години. Погледнете и како игра против Федерер или Надал. Тенисот ми го промени животот. Мислев дека знам се и дека конечно успеав во животот кога почнав да заработувам сериозни пари. Сепак, ништо од тоа не е поголемо од тенискиот успех на ќерка ми. Таа е поважна од се. Гледам дека станува нешто што никогаш не би била без тенис. Има многу самодоверба и тоа ми се допаѓа.
Тајсон зборуваше за сето ова во неговиот подкаст наречен „Hotboxin“ со Мајк Тајсон. Тој откри и дека неговата ќерка тренира со Серена Вилијамс, кога поранешната најдобра тенисерка на светот има време.