ФОТО: Каде и со кого е моментално Златан Ибрахимовиќ на одмор?

Loading

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ се одмора на Палма де Мајорка во Шпанија со семејството.

Славниот фудбалер на Милан и неговата подобра половина, која е 11 години постара од него, уживаат во луксузна јахта со своите синови.

Светските папараци ја уловија оваа двојка и го сликаа нивното секојдневие на одмор.

Убавата Хелена овој пат не го покажа најновиот модел на костим за капење, но имаше извајана фигура во црни хеланки и маица.

Малку сончање, малку капење – вистинско задоволство!

Инаку, оваа згодна русокоса не сака да се експонира во медиумите, не објавува провокативни фотографии од луксузни дестинации на социјалните мрежи, не се фали со нови скапи обувки, чанти, облека … и доаѓа кај својот драг сопруг на натпреварите да навива, а не да биде во центарот на вниманието.

Затоа, не треба да изненадува што на едно од крстарењата, таа не позираше за папараците во костим за капење, како што знаат да го прават тоа жените на фудбалерите.