![]()
Кошаркарите на Денвер Нагетс запишаа уште еден пораз од Минесота, откако Тимбервулвс со убедливи 112:96 поведоа со 3:1 во серијата.

Колку лош настап имаа Нагетс на овој натпревар најдобро говори фактот што Минесота целото второ полувреме играше без двајца исклучително важни играчи, Ентони Едвардс и Донте Дивинченцо.
Никола Јокиќ натпреварот го заврши на прагот на трипл-дабл, со 24 поени, 15 скокови и 9 асистенции, но ниту неговиот одличен учинок не беше доволен за да се избегне поразот.
Следниот меч Денвер го игра пред своите навивачи и ќе има голема можност да го намали водството на Минесота во победи.
Меѓутоа, по натпреварот се случи навистина бизарен инцидент. Никола Јокиќ останал без својата долната облека.
Според реномираниот новинар на „The Athletic“, Џејсон Квик, центарот на Денвер во соблекувалната се пожалил дека некој му ги украл гаќите, додека вознемирено се обидувал да ги пронајде.
Тој бил во целосен шок и неверување, но и покрај фрустрацијата, на крајот не успеал да влезе во трага на својата опрема.