(ФОТО) Дончиќ ја гради најлуксузната вила во регионот! – Само за плацот даде 2 милиони евра…

Loading

Станува збор за импресивен имот што се гради во близина на Љубљана. Неговата луксузна вила во населбата Задоброва, на околу 500 километри од Белград, полека ги добива своите конечни контури, а се проценува дека по завршувањето ќе вреди неколку милиони евра.

фото: AP

Лука Дончиќ уште во октомври 2022 година купи голем имот со постоечка куќа за дури 1,9 милиони евра.

Парцелата е со површина од речиси 9.000 квадратни метри, сместена во источниот дел на Љубљана, која му обезбедува целосна приватност и доволно простор за изградба на луксузен дом по мерка на еден од најдобрите кошаркари на денешницата.

На таа локација претходно се наоѓала куќа стара околу 18 години, со површина од 367 квадратни метри, како и дополнителна гаража од 47 квадратни метри.

По купувањето, стариот објект бил урнат за на негово место да се изгради нова модерна вила.

Бидејќи земјиштето се наоѓа во зона на првокласно земјоделско земјиште, било неопходно новиот објект да ги следи габаритите, формата и намената на претходната градба, како и да биде изграден на истата локација.

Градежната дозвола за новиот објект, е преку фондот „LD Family Trust“, а Дончиќ ја добил во текот на 2023 година, додека работите официјално започнале во ноември истата година.

Проектот опфаќа изградба на луксузна семејна куќа со комплетно надворешно уредување, а според моменталната состојба на теренот, вилата веќе е ставен под и кров, а се вградени и прозорците.

Основната конструкција на објектот е завршена, што значи дека се изградени носечките ѕидови и кровната конструкција, но работата сè уште не е ни приближно завршена.

Следува уредување на ентериерот, завршување на фасадата, како и уредување на големиот двор и пристапните површини.

Иако првично се шпекулираше дека новата куќа ќе биде приземна, сега е јасно дека вилата ќе има повеќе нивоа, што дополнително го нагласува луксузниот карактер на проектот.

Посебно внимание привлекува и планираната голема гаража, што не изненадува ако се знае дека Дончиќ е голем љубител на автомобили и поседува колекција на скапи спортски возила.

Многумина уште при самото купување ја доведуваа во прашање цената од речиси два милиони евра само за плац со стара куќа, но денес е јасно дека најголемата вредност лежи токму во приватноста што ја нуди големата парцела и изолираната локација.

Ова, сепак, не е единствената луксузна недвижност во сопственост на словенечкиот ас.

Дончиќ веќе поседува вила покрај голф терен во Смледник, купена во 2019 година за околу 1,84 милиони евра, како и пентхаус во престижниот комплекс „Шеленбург“ во Љубљана, за кој издвоил 4,2 милиони евра.

Според проценките на магазинот „Финанс Менaџер“, вкупниот имот на Дончиќ веќе надминал 100 милиони евра, со што се вбројува меѓу најбогатите Словенци.

Кога вилата во Задоброва ќе биде целосно завршена, речиси сигурно ќе стане една од најлуксузните приватни резиденции меѓу спортистите од регионот.