Српскиот тенисер Новак Џоковиќ од позната причина нема да настапи на американската турнеја, па најде време повторно да присуствува на кошаркарскиот натпревар на Црвена Ѕвезда во рамките на Евролигата.
Црвено-белите се во одличен ритам во Евролигата, а дополнителен „ветер во грб“ на мечот со Макаби им даде славниот тениски ас.
Новак се појави во друштво на сопругата, братот и девојката на братот, а еден детал ги привлече сите погледи.
Имено, Новак беше единствениот кој се појави со маска, на која стои логото на неговата фондација. Многумина ќе кажат дека е повнимателен откако се зарази со коронавирусот во декември минатата година, кога ја бодреше Ѕвезда против Барселона.
Но, можно е само да сакал да ги избегне негативните коментари во медиумите кои го следат секој негов чекор.
Исто така, она што е интересно е што тој се појави во дуксер со ознака на спонзорот „Лакост“, кој наводно планира да ја раскине соработката со еден од најголемите во историјата на тенисот.