0 – Ниедна држава нема освоено финале по негатива од 0-2. Шпанија 1998 година и Италија 2006 година се единствените две репрезентации кои имат победено во финале по негатива од 1-2.
2 – Само две натпреварувачки Анастасија Мискина и Елена Дементиева имаат победено и во синг и дубл натпреварите
8 – Ова е осми пат да се сретнат Чешка и Германија во финалето. Чешка има поуспешен скор од 6-1
15 – Завршниот и одлучувачки натпревар 15 пати бил во двојките, најбрзо тоа се случило во 2011 година кога Луси Хардецка и Петра Пешке ги победија Марија Кириленко и Елена Веснина во Чешка.
16 – Означува колку пати финалето ќе се игра на тврда подлога, а 15 пати во затворен простор
17 – САД се земјата која Фед Купот го имаат освоено највеќе пати, ако Чешка го освои турнирот оваа година ќе стане втора најуспешна нација и ќе има 8 трофеи.
52 – ВО 2014 година ќе 52 издание на Фед Купот. Австралија, Франција, Велика Британија и Италија се земјите учеснички кои не отсуствувале на ниту еден Фед Куп досега
95 – Е бројот на нации кои го започнуваат Фед Купот за на крајот да останат само две во финалето
139 – Ова финале на Германија ќе и биде 139 натпревар. Германките досега имаат скор од 90 – 49
343 – Е бројот на натпреварувачи кои што се натпреваруваа оваа година во Фед Купот
1975 – Чехословачка за прв пат освојува Фед Куп и тоа е прва од 7 титули
1992 – Е последен пат кога Германија има победено на ова натпреварување. Барбара Ритнер и тогаш беше во тимот на Германија
1995 – Во оваа година Фед Купот го менува својот формат и од подобар од три меча преминува во формат подобар од пет. Шпанија е првиот освојувач по ваквиот формат, кога во Ноември ја победува САД со 3-2 во Валенсија
10850 – Е капацитетот на О2 арената во Прага која е домаќин оваа година
15000 – Најголем број на публика на Фед Куп во Париз на финалето меѓу Франција и Русија на Ролан Гарос во 2005 година.