Продолжението од Серија А, по оваа ноемвриска репрезентативна пауза, ни носи интересен дуел меѓу Фиорентина и Милан во сабота навечер.
Пред се поради тоа што од една страна ќе го имаме српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, а од друга неговиот идол Златан Ибрахимовиќ!
Токму тоа беше темата на утринското издание на весникот „Ла Насион“, изданието за Фиренца, каде новинарите освен со играта се занимаваа и со сознанието дека Ибра јасно им ставил до знаење на челниците на Милан да го доведат Влаховиќ.
Имено, Златан пред разговорите за продолжување на неговиот договор наводно им рекол на раководството на Росонерите дека Влаховиќ треба да биде негов долгогодишен наследник на Сан Сиро и да ја искористат ситуацијата со неговиот договор и да го откупат.
Ibrahimovic has told Milan management that Vlahovic should be his long-term heir https://t.co/d3E1DwtukX
— Football Reporting (@FootballReportg) November 17, 2021
Да потсетиме, поранешниот напаѓач на Партизан веќе им порача на раководството на Виола дека нема намера да го продолжи договорот кој трае до летото 2023 година, што значи дека од Артемио Франки треба да си замине најдоцна до следното лето.
Атлетико Мадрид и клубовите од Премиер лигата се на врвот на интересот, иако се чини дека Јувентус е најблиску до Србинот.