На крајот на следната година треба да дознаеме кој ќе биде организатор на следното Европско фудбалско првенство во 2028 година, а можно е Англија повторно да го добие тој дел.
„Колевката на фудбалот“ беше еден од домаќините на минатогодишното Европско првенство кое за прв пат се одржа во повеќе земји, а овојпат Англичаните можеа да добијат организација со Шкотска, Велс, Северна Ирска и Република Ирска, со кој поднеле заедничка кандидатура.
И Русија и Турција би сакале заедно да се приклучат на ЕУРО, иако во моментов им се даваат помалку шанси да бидат домаќини на најдобрите селекции на „стариот континент“.
Англиските медиуми веќе се занимаваат со прашањето на кои стадиони би можело да се одржи Европското првенство, а веќе е јасно дека меѓу нив нема да се најде легендарниот „Енфилд Роуд“. Еве зошто….
Имено, стадионот на Ливерул не исполнува едно правило на УЕФА, кое мора да го исполнат стадионите домаќини на Европското првенство, а се однесува на димензиите на теренот.
Едно од правилата на УЕФА е теренот на кој се игра натпревар од Европското првенство да биде долг 105 метри и широк најмалку 68 метри, што „Енфилд“ не го исполнува.
Стадионот на „црвените“ е долг 101 метар и не може да се прошири поради близината на трибините зад голот.
По изборот на домаќини на ЕУРО 2028, ќе се изберат 16 стадиони на кои ќе се играат натпреварите, а меѓу нив за жал нема да се најде стадионот на Ливерпул.
Англиската репрезентација последен пат на овој култен стадион играше во 2006 година, кога во пријателски натпревар го совлада Уругвај со 2:1.
Екипата на Гордог Албион вообичаено своите натпревари ги игра во Лондон на стадионот „Вембли“, кој сигурно ќе се најде на списокот на стадиони за ЕУРО доколку овие земји го организираат ЕП.