Фудбалерите на Вест Хем се новите патници во 4. коло во англискиот ФА куп, откако по две продолженија го елиминираа Ливерпул во третото коло.
Во повторениот меч од оваа рунда Вест Хем славеше со 2-1 и тоа со голот на Огбона во 121 минута. Домаќинот доминираше во првото полувреме и тоа го материјализира во финишот на полувремето кога гол постигна Антонио за 1-0.
Но на стартот на второто полувреме Ливерпул израмни преку Кутињо, кој погоди со прекрасен гол од слободен удар за 1-1.
До крајот на регуларниот дел Бентеке не реализира добра шанса за Ливерпул, а домаќинот не доби пенал по стартот врз Валенсија.
Продолженијата целосно му припаднаа на Ливерпул, создадоа неколку добри шанси, а најдобрата ја пропушти Бентеке, кога во ситуација ’еден на еден’ биеше во домашниот голман.
Кога сите очекуваа пенали, Паје изведе еден слободен удар, а Огбона со глава го совлада Мињоле за конечни 2-1 за Вест Хем и пласман во 4.коло каде на 21 февруари, чеканите ќе гостуваат кај Блекбурн.