Видео: Рели Дакар 2016 – Доминација на Пежо во 4-тата етапа!

Loading

Тимот на Пежо доминираше на 4-тата етапа од релито Дакар 2016, каде четири екипажи се најдоа меѓу петте најдобри оваа етапа што започна и заврши во Сан Салвадор де Хухуј во должина од 429 километри.

peterhansel

До првото место стигна Стефан Петерхансел, кој за 11 секунди имаше подобро време од Карлос Саинц, а трет низ целта мина Себастијан Лоеб.

Четвртата позиција му припадна на Насер Ал Атија на Мини, а доминацијата на Пежо ја потврди Сирил Деспре, кој заврши на петтото место.

По четири извозени етапи води Лоеб со 4 минути и 48 секунди предност во однос на Петерхансел додека трет со заостанување од 11 минути е Ал Атија.

Кај моторите до победа на оваа етапа стигна порториканецот, Пауло Косалвеш на Хонда пред сонародникот Рубен Фарија на Хускварна, а третото место му припадна на Кевин Бенавидес од Аргентина на Хонда.

Гонсалвеш води со 2 минути и 17 секунди подобро вкупно време од Бенавидес, а во моментов на третата позиција е Жан Бареда од Шпанија со заостанување од 3 минути и 3 секунди.

Утре на програмата се вози петтата етапа која ќе се вози и на територијата на државата Боливија, а стартот е во Сан Салвадор де Хухуј до Ујуни во Боливија во должина од 629 километри.

Ова се најитересните моменти од 4-тата етапа од релито ДАКАР 2016…