Вардар поблиску до 3-тото место… Победа нагости кај Пик Сегед со 31-29!

Loading

Ракометарите на Вардар со победа се враќаат од тешкото гостување во Унгарија кај Пик Сегед во Лигата на шампионите, откако славеше нагости со 31:29, во претпоследното коло.

vardar-pik-seged

Вардар до победата го предводеше голманот Страхиња Милиќ, кој имаше брилијантен настап во второто полувреме.

Српскиот голман, најпрвин беше креатор на серијата на Вардар од 7:2, со која „црвено-црните“ се одлепија најпрвин на 20:16, а подоцна и на 25:19.

До крајот на мечот Сегед имаше неколку обиди да фати резултатски приклучок, но не успеа во тоа бидејќи Милиќ блескаше на голот на Вардар.

Милиќ заврши со 13 интервенции, додека стрелците ги предводеше Македа со 8 голови, 5 постигна Душебаев, а 4 Горбок.

8 голови кај Сегед реализираше Бомбач. Вардар со победата над Сегед направи голем исчекор кон освојување на третото место во групата.

За да се реалзира таквото сценарио, Вардар ќе мора во последното коло, на 5.март, да слави над Монпелје, а во исто време Рајн Некар да загуби во Барселона, односно Сегед да доживее пораз кај Кјелце.