Тоти се повлекува и во следните 6 години ќе биде директор во Рома!

Loading

Живата легенда на Рома, Франческо Тоти, по крајот на сезоната ќе ја заврши професионалната кариера и веднаш ќе добие нова функција во тимот од Рим.

AS Roma forward Francesco Totti looks on during the Serie A football match Sampdoria against AS Roma, on September 25, 2013, in Luigi Ferraris stadium in Genoa . AFP PHOTO / OLIVIER MORIN        (Photo credit should read OLIVIER MORIN/AFP/Getty Images)

Тој ќе седне на директорската фотелја во клубот, а генералниот менаџер Балдисони, изјавил дека Тоти најмалку 6 години, ќе ја обавува директорската функција.

„Постои шанса тој да продолжи да игра, но тоа треба да го решат Тоти и претседателот Палота.

,,Претседателот изјави дека Тоти ќе има свое место во клубот. Кај нас ништо не е сменето по последните случувања, Тоти ќе се врати во тимот за наредниот меч“, рекол Балдисони.

Франческо Тоти во септември ќе наполни 40 години, а целата своја кариера ја мина во дресот на Рома.

За ’волчицата’, има одиграно 749 натпревари и постигнато 300 голови, а со Рома има освоено една титула во Серија А и две титули во Купот и Суперкупот на Италија.