Кошаркарската АБА лига ги доби тимовите кои ќе се борат за шампионската титула оваа сезона.
Па така финалисти ќе бидат српските клубови Мега Лекс и Црвена Ѕвезда. Актуелниот првак на АБА лигата Црвена звезда се избори за ново финале откако во вториот дуел од полуфиналето нагости во Загреб ја победи Цедевита со 73:65.
Ова беше триумф за 2-0 во победи за белграѓани во полуфиналето кое се играше кој прв до две победи. Решавачката предност Црвена Звзеда ја направи во третата четвртина.
На Крајот од првиот дел Цедевита водеше со 39:34, но во третиот период домашниот тим постигна само 10 поени.
Најдобар поединец беше Владимир Штимац, со 17 поени и 6 скокови. Кај Цедевита Џејкоб Пулен постигна 17 поени.
Црвена Звезда ќе игра против Мега Лекс, кои пак со 2-0 во победи направија големо изненадување и го совладаа лидерскиот тим во регуларниот дел од сезоната тимот на Будуќност.
Финалната серија се игра на три добиени натпревари по форматот 2-2-1, а првиот натпревар на програмата се игра на 11 април каде домаќин ќе биде тимот на Црвена Ѕвезда во Пионир.