Рели Дакар 2016 – Осмата етапа за Ал Атијах, несреќа за Лоеб!

Loading

Насер Ал-Атијах од Катар победи на 8-та етапа од Релито Дакар 2016 и на тој начин ја прекина победничката низа на Пежо, која за малку ќе беше трагична за деветкратниот ВРЦ шампион и досегашен лидер, Себастиен Лоеб.

naser al

Катарецот Ал-Атијах го победи Карлос Саинц за само 12 секунди на оваа етапа која се возеше од Салта до Белен во должина од 767 километри, додека трет беше новиот лидер Стефан Петерхансел со 31 секунда послабо време.

Петерхансел загуби 6 минути поради дупната гума на стартот на етапата, но на крајот е нов лидер со 2:09 предност пред Саинц и дури 14 минути и 43 секунди пред Ал-Атијах.

Себастиен Лоеб имаше пеколна етапа, откако го превртеа своето Пежо на 510 километри пред целта, но и покрај тоа што нивниот автомобил беше оштетен, тие финишираа и паднаа дури на осмото место во генерален пласман.

Кај мотоциклите, Тоби Прајс стигна до победа и стана нов лидер во генерален пласман. Фабричкиот возач на КТМ заостануваше 3 минути зад Пауло Гонсалвез по денот одмор, за да на крајот ја комплетира етапата со 5:17 предност за своја петта етапна победа во кариерата и предност од 2:05.

Аргентинецот Кевин Бенавидес (Хонда) беше трет со 8 минути заостанување.

Инсерти од 8-та етапа од релито Дакар 2016…