Проблемите со очите продолжуваат да го мачат светскиот рекет број 1 Новак Џоковиќ.
Србинот беше принуден да се повлече од турнирот во Дубаи во 1/4 финалето против Фелисиано Лопез, а причината за тоа беше подолгиот престој во базен поради фотосесија поради која добил инфекција на очите.
Џоковиќ посетил лекар во Белград, кој му препорачал да продолжи да се одмора и да носи темни очила, со цел да ги заштити очите.
Но лидерот на АТП листата се надева дека набрзо ќе се врати на тренинзите и ќе биде подготвен за претстојниот судир на Србија со Казахстан во тенискиот Дејвис Куп.