Конечно познат е датумот на одигрување на вториот двобој помеѓу светскиот шампион во бокс Тајсон Фјури и Владимир Кличко.
Истиот ќе се одржи на 9-ти јули во Манчестер. Британецот во ноември во Дизелдорф го победи Владимир Кличко со едногласна одлука на судиите и го заслужи шампионскиот наслов од верзиите ВБА, ВБО и од ИБФ.
Кличко истакна дека е подготвен за втор двобој со Британецот, на што Фјури одговори со задоволство.
Преговорите за дуелот меѓу Фјури и Кличко се одвиваа меѓу застапниците на боксерите.
Понуди за да ги вгостат пристигнале од Германија, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и од Соединетите Американски Држави.