Македонската фудбалска репрезентација 2016 година ја започна со нов пад од две места на најновата ФИФА ранг листа.
На денешното рангирање на ФИФА, Македонија се наоѓа на 138-то местопоточно во друштво на Филипини, Куба, Хонг Конг, Јужен Судан и Либан-селекција која во месец ноември не совлада во Скопје со 1:0.
На врвот нема промени, Белгија води, пред Аргентина, Шпанија, Германија, Чиле, Бразил, Португалија, Колумбија, Англија и Австрија.