Не очекува возбудлива 2016 сезона во Формула 1 со нови правила!

Loading

Нема ни неполн месец од стартот на новата сезона 2016 во Формула 1 шампионатот.

f1 20161

Поголем дел од тимовите веќе ги претставија новите болиди за 2016 сезона, а започнаа и официјалните тестови и подготовки во Барселона.

ФИА веќе има новитети кога станува збор за квалификациите и бодувањето во новата сезона.

Нови правила ќе има во квалификациите, во кој 60. минути возење ќе бидат поделени во три дела, но возачите мора да останат на патеката до крајот.

Првиот дел ќе трае 16 минути, но по 7 минути на патека, квалификациите завршуваат за најбавниот возач. Во продолжение на трката на секои 90 секунди го праќаат “дома” најспориот, се додека не останат 15 најдобри.

f1 2016

Вториот круг трае 15 минути, но по 6 минути најспориот ја напушта патеката, а потоа слично како во привот круг, во секои 90 секунди, по еден од најбавните ја напуштаат патеката се додека не остане само еден натпреварувач.

Третиот и последен круг, трае 14 минути, по 5 минути повторно излегува последниот возач, а на секој наредни 90 секунди, излегува по еден натпреварувач, се додека не останат двајца возачи на патеката, кои ќе имаат 90 секунди за да се изборат за пол – позицијата.

По долгата расправија во седиштето во Женева, челниците излегоа со изјава за промени на патеката, а годинава, со овие измени, трките ќе бидат по атрактивни за љубителите на “високите октани”.

Новата сезона стартува на 20 март со трката за големата награда на Австралија во Мелбурн.