Мирослав Клосе донесе одлука која помалку ги шокираше сите во фудбалот, реши да стави крај на својата богата фудбалска по крајот на сезоната.
Германецот со полско потекло ќе ја заврши кариерата, а 37-годишниот напаѓач ја одбил понудата од МЛС лигата и Кина и така Лацио ќе биде негов последен клуб во кариерата.
Клосе стигна кај орлите во 2011-та година и на 149 натпревари постигна 56 погодоци, а со Лацио го освои Купот на Италија во сезоната 2012/2013.
Тој е еден од осумте фудбалери во историјата на италијанскиот фудбал кои постигнале 5 гола на еден натпревар.
Кариерата ја започна во Кајзерслаутерн, потоа играше во Вердер со кој го освои германскиот куп, па потоа за Баерн Минхен со кој има 2 бундеслигашки титули, 2 во германскиот куп и по една во германскиот Лига Куп и германскиот суперкуп.
Со репрезентацијата на Германија го освои СП во 2014-та во Бразил, а стана најдобар стрелец на Мундијалите со 16 погодоци.
Единствен е фудбалер во историјата кој играл полуфинале на СП четири пати по ред.
За Германија одигра 137 натпревари и постигна 71 погодоци и е најдобар стрелец во историјата на германската репрезентација.