Комшиско финале на ЕП 2016 во ватерполо што се игра во Белград

Loading

Ватерполо репрезентациите на Црна Гора и Србија ќе играат во големото финале на европското првенство што се одржува во Белград.

crna-gora-vaterpolo

Синоќа црногорците во вториот полуфинален меч ја победија Унгарија со 8:5 и се изборија за место во големото финале, каде за противник ќе го имаат главниот фаворит за златото домаќинот и комшијата, селекцијата на Србија, која воедно е и бранител на шампионскиот трофеј.

На женскиот дел од турнирот, во финалето ќе играат Холандија и Унгарија.

Во полуфиналните натпревари Холандија минимално со 15-14 ја победи Шпанија, а Унгарија убедливо 10-5 ја совлада Италија.

Дуелот за златото е вечерва од 20 часот и 15 минути, а претходно од 18 часот и 45 минути во „малото финале“ за бронзата ќе се борат Шпанија и Италија.

evropsko-prvenstvo-u-vaterpolu-20161

Европското ватерполо првенство завршува утре со распределбата на медалите во машка конкуренција.

Од 16 часот и 15 минути Грција-Унгарија ќе играат за 3.место, додека финалето меѓу Србија-Црна Гора ќе започне од 17 часот и 45 минути.