На тенискиот мастерс во Индијан Велс во третото коло се случија неколку изненадувања на машкиот и женскиот дел од турнирот.
Аргентинецот Федерико Делбонис направи сензација откако во третото коло го елиминираше вториот носител Енди Мареј.
Делбонис успеа да се врати по водството на вториот светски рекет, во третиот сет од 1:4 и на крајот да триумфира со 6:4, 4:6, 7:6 и во наредното коло ќе игра против Гаел Монфилс, кој убедливо во два сета, славеше над Алберт Рамос со 6-1 и 6-3.
Пласман во следното коло обезбедија и Вавринка и Чилиќ кои во два сета беа подобри од Маер и Кузнецов.
Кај дамите елиминирана е Ана Ивановиќ која загуби од Барбара Стрицова со 2-0 во сетови, а елиминација доживеа и Бушар која загуби со 2-1 во сетови од Башчински со 6-2, 7-5 и 6-2.
Во следното коло пласман обезбедија и Стосур, Касаткина и Азаренка.