Според листата на ЕСПН, Мајкл „Ер“ Џордан, е прогласен за најдобар кошаркар на сите времиња.
Неговото височество ја смени историјата на кошарката и внесе многу препознатливи елементи на овој спорт.
Пред Џордан и по него, се раѓале и ќе се раѓаат добри и успешни, можеби и подобри и поуспешни кошаркари, но никој до сега не остави(л) печат на една ера и белег на овој спорт, како што тоа го направи славниот МЈ.
На оваа листа на ЕСПН во ТОП 10, го нема еден Коби Брајант, а според учиноците во статистиките тој е многу блиску до Џордан и според импактот врз играта скоро на исто ниво.
Во времето кога се повлече Џордан и се појави Коби, беше многу потешко да се игра на ниво како што тоа беше во минатото, со оглед на тоа дека по Мајкл Џордан се појавија многу еднакви и квалитетни кошаркари, меѓу кои што се истакна ,,мамбата,,.
Меѓу најдобрите на сите времиња ги нема Џери Вест кој што е силуетата на логото на НБА лигата, или Џулиус „Др. Џ“ Ирвинг кој што прв ги промовираше „летечките потези“…
Еве ја ТОП 10 листата на најдобри на сите времиња на ЕСПН:
1. Мајкл Џордан (Чикаго)
2. Карим Абдул-Џабар (Лејкерс)
3. Леброн Џејмс (Кливленд, Мајами)
4. Меџик Џонсон (Лејкерс)
5. Вилт Чембрлен (Филаделфија, Лејкерс)
6. Лери Бирд (Бостон)
7. Бил Расел (Бостон)
8. Тим Данкан (Сан Антонио)
9. Шекил О’Нил (Лејкерс, Мајами)
10. Хаким Олајџувон (Хјустон)
(11). Оскар Робертсон (Милвоки)
(12). Коби Брајант (Лејкерс)