Ливерпул сака да го продадe Марио Балотели, во замена за квалитетен голман.
Тренерот Јирген Клоп не е задоволен со Мињоле, а се шпекулира дека Ливерпул го посакува голманот на Милан, Диего Лопез, кој во последно време го изгуби местото во првиот тим.
Затоа „црвените“ му нудат на Милан да го остават Марио Балотели во Милано, а за возврат да го добијат потписот на шпанскиот голман Лопез.
Балотели е повреден и наскоро треба да се врати, додека Лопез, кој во минатото бранеше за Реал Мадрид, го загуби местото оваа сезона во Милан, од младиот голман тинејџерот Џанлуиџи Донарума.
Лопез има 34 години и не сака да седи на клупа, па можно е да ја прифати понудата од Ливерпул, се разбира доколку Милан се согласи на тоа.
Сепак ако успеа оваа трампа „росонерите“ ќе се обидат да го ангажираат голманот на ПСЖ, Сиригу како замена за шпанецот.