Астон Вила му врачи отказ на тренерот Реми Гард!

Loading

Премиерлигашот Астон Вила исто така реши да направи промена на тренерската функција па така францускиот тренер Реми Гард официјално ја раскинаа соработката.

garde1

Гард, во ноември минатата година, стана тренер на екипата од Бирмингем, но успеа да забележи само 2 победи во Премиерлигата, поради што новиот Управен одбор решил да го смени од функцијата.

Гард не е задоволен од својот ангажман во Астон Вила, бидејќи во јануарскиот преоден рок раководството не одговорило на неговите барања тимот да се засили на неколку позиции.

Астон Вила има само три победи и само 16 поени во Премиер лигата и се наоѓа на последното место на табелата.

Клубот од Бирминген веќе се подготвува за преселба во понизок ранг на натпреварување односно во Чемпионшип дивизијата.