Најдобриот светски тенисер Новак Џоковиќ го исфрли месото од исхраната за да му помогне да го одржи здравјето и физичката форма.
Многу се пишуваше и се дебатираше за Новак и неговата сопруга Јелена за нивната исхрана.
Една од намирниците која е незаменлив дел од исхраната во семејството Џоковиќ е киноата. Киноата не дебелее и е составен дел од оброкот на Јелена Џоковиќ и нејзиниот сопруг.
Киноата во Индија се нарекува „златно зрно“ и „кралица на семките“. Античките цивилизации ја сметале оваа житарка за свето растение. Освен што киноата им овозможувала на луѓето да останат живи и за време на војни, оваа житарка може да донесе многу придобивки за организмот.
Содржи големи количини на протеини, поради што може да се натпреварува со производите од животинско потекло. Богат е со витамини Е, Ц, калиум, разни минерали, амино киселини и есенцијални масла.
Народната медицина користи киноа за лекување гихт, тумори, хемороиди и ишијас. Исто така е одлична замена за месото.
Доколку постите или вегетаријанец, задолжително вклучете ја киноата во вашата исхрана. Богата е со влакна, кои се неопходни за правилно функционирање на цревата.
Многумина сметаат дека киноата е вистинско кулинарско чудо. Ако се додаде во зелка, компир или друг зеленчук, ќе го почувствувате полниот вкус што се добива само со готвење месо.