Шекил О’Нил беше еден од најдоминантните играчи во НБА лигата во текот на кариерата, а со висина од 216 сантиметри и преку 140 килограми беше навистина незапирлив во рекетот.
Еден од ретките што се дрзна да му „застане на линијата“ е неговиот поранешен соиграч од Мајами, Јудонис Хаслим, кој сега раскажа нова приказна од периодот кога заедно играа за шампионскиот тим на Мајами Хит.
Крилниот напаѓач, кој веќе извесно време е најстариот играч во лигата, се присети на конфликтот меѓу тогашниот тренер на Мајами, Пет Рајли и гигантскиот центар.
„Се обидов да го задржам Шек, а тој ме фрли како кеса чипс“, рече Хаслим.
Тој, исто така, воопшто не е лесен со своите 203 сантиметри и преку 110 килограми, но против Шек не се можеше.
„Се обидов да го спасам стариот задник на Пет, но Шек ме зграпчи и ме фрли на подот, иако само се обидував да го спречам. Замислете како ќе беше ако ме нападнеше?“, се запраша Хаслим.
Како тогаш преживеа Пет Рајли, големо прашање е …