ВИДЕО: Брука за Лејкерс – Беа доведени за НБА титулата, а тие се тепаа на сред натпревар!

Loading

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс загубија од Феникс на домашен терен со (115:105), но Леброн Џејмс и тимот составени да атакуваат на титулата, треба повеќе да се гружат за атмосферата и конфликтите во тимот отколку за поразите.

Еден од нив се случи кога Ентони Дејвис и Двајт Хауард беа во клинч, па стручниот штаб со помош на соиграчите мораше да реагира и да ги раздели. Да не беше брзата реакцијата, којзнае како ќе завршеше пресметката која беше на работ на тепачка.

Како што може да се види на видеото, Хауард седел на клупа кога Дејвис му пришол, но набрзо станал свесен дека нивниот разговор може да премине во физичка пресметка.

Дејвис се обиде да го фати Хауард за раце, потоа го оттурна малку, па дури и кога реагираа неговите соиграчи, тој продолжи да му се заканува и да покажува со прст во негова насока.

По сето она што беше видено, јасно е дека Лејкерси немаат тимска хемија…