Легендарниот британски боксер Крис Јубанк џуниор беше изненаден кога беше спречен од група фанови на боксот додека се шеташе низ Њукасл.
Не толку поради фактот што фановите сакаа да разговараат со легендата за боксот, туку поради желбата на еден од нив Јубанк да го остави својот потпис на микробранова печка што ја држеше во рацете. Тоа се случи на крајот…
Hey @ChrisEubankJr, can you sign my… microwave? 😂
(via @WassermanBoxing)pic.twitter.com/NRT9K44CSf
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) October 14, 2021
Јубанк има 30 победи и само два порази во кариерата и сака повторно да се бори за титулата шампион во супер-средна категорија. Тој е во Њукасл бидејќи има натпревар со Германецот Ваник Авиџан.
Тој е голем фаворит на тој натпревар, и по евентуалната победа, може да добие шанса повторно да се бори за шампонскиот појас.