ВИДЕО: Овој бразилски мајстор постигна еден од најспектакуларните голови во футсал!

Loading

Еден од најубавите голови видени во футсал беше постигнат во Јапонија.

Мачида го победи Нагано со 6:0, а брилираше најдобриот стрелец во историјата на футсал шампионатот во Јапонија.

Винисиус Крепалди, попознат како „Банана“. постигна навистина феноменален гол за кој ќе се зборува во наредниот период. Имено, 34-годишниот виртуоз од Бразил ја изведе популарната „паненка“, но на футсал начин од слободен удар.

Во голот имаше неколку играчи, а Винисиус беше на неговата половина. Кога побрза да шутира, противниците тргнаа напред, што искусниот Бразилец го очекуваше и го искористи тоа.

Многумина мислеа дека ќе следи бомба, но бразилскиот мајстор се одлучи за изненадувачки удар со лоб, кој го префрли преостанатиот играч во живиот ѕид и истрчаниот голман и ја смести топката под гредата.

Навистина, спектакуларен гол….