Британскиот боксер Тајсон Фјури ја одбрани титулата светски шампион во тешка категорија на ВБЦ верзијата, откако го совлада Американецот Дејонтеј Вајлдер со нокаут во 11 -то рунда во мечот што се одржа во Лас Вегас.
Популарниот „Крал на Циганите“ на тој начин го одбрани шампионскиот појас и сега има 31 победа (22 со нокаут) и едно реми во својата професионална кариера.
Фјури дојде до втората победа против Американецот во третата борба. По ремито во 2018 година, следеа два триумфи.