Ракометарите на унгарски Веспрем се старо-нови шампиони на СЕХА Лигата откако во финалето на пенали го победија Загреб.
Натпреварот во регуларниот дел заврши 27:27, а во пенал рулетот Веспрем беше подобар со 4:2 и ја освои четвртата титула во СЕХА лигата, втора по ред.
ППД Загреб на завршниот турнир во Задар се појави како замена, откако Вардар беше дисквалификуван поради позитивниот тест на коронавирус на Борко Ристовски иако во четвртфиналето го елиминира токму домаќинот на турнирот.
Најпрецизни во унгарскиот тим беа Јахја Омар и Петар Ненадиќ со по осум постигнати голови, додека кај ППД Загреб, Вистороп даде седум гола. За МВП на завршниот турнир е прогласен Петар Ненадиќ од Веспрем.
Третото место на завршниот турнир го освои Мотор од Запорожје кои со 31:20 го совлада Брест Мешков.
Погледнете ги инсертите од мечот….