Газдата на УФЦ, Дана Вајт објави вест која нема да му се допадне на Стипе Миочиќ!

Loading

Дана Вајт, претседателот на УФЦ, рече кој треба да биде првиот борец што ќе го предизвика новиот шампион, Франсис Нгану.

Да потсетиме, француско-камерунскиот борец стана шампион во тешка категорија минатиот месец откако го нокаутираше Стипе Миочиќ.

Тој веднаш објави дека сака што почесто да се бори, бидејќи е во најдобрите години, а имаше три опции. Едниот е реванш со Миочиќ, другиот е голема борба со Џон Џонс, кој се пресели во тешка категорија, но се чини дека третата опција сепак ќе се реализира.

“Френсис треба да се бори со Црниот Ѕвер (Дерик Луис). Тоа е борба која има смисла. Луис ја заслужи својата шанса и тој веќе еднаш го победи Нгану”, изјави Вајт за Yahoo! Спорт

Да потсетиме, Луис го победи актуелниот шампион со едногласна одлука на судиите пред две и пол години. Тоа беше една од најлошите борби во историјата во тешка категорија, соборувајќи негативен рекорд по бројот на упатени удари.

„Сите знаеме дека првата борба беше ужасна, но претпоставувам дека не може да се повтори двапати“, заклучи Вајт со насмевка.