Американскиот бизнисмен Френк Мекорт за сума од 45 милиони евра стана сопственик на славниот француски фудбалски клуб, Олимпик Марсеј.
Мекорт е познат и како поранешен сопственик на бејзбол тимот ЛА Доџерс, преку француските медиуми порачал дека во наредните четири години во клубот ќе вложи 200 милиони евра.
Истовремено американскиот бизнисмен го именуваше Жак-Анри Еро за нов претседател на клубот.
„Денес започнува ново поглавје во историјата на Олимпик Марсеј.
,,Ќе го вратиме клубот на патеките на славата“, порачал 63-годишниот Мекорт.
Продажбата може да го спаси великанот на францускиот фудбал од просечноста во која се наоѓа во изминатите неколку сезони.
Mинатата сезона Марсеј заврши на 13-то место, а во тековната по 9 одиграни натпревари е на 12-то место.
Навивачите за ваквата состојба ја обвинуваат „неспособната богата наследничка“ Маргарита Луј-Драјфус, која клубот го презеде пред две децении кога почина нејзиниот татко.